Капито: Де Врис направи се што можеше

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, посочи дека Ник де Врис не можел да направи ништо повеќе од тоа што го направи на Италијанското Гранд При за да си ги зголеми шансите за тркање од следната година,

Холанѓанецот беше повикан да го замени Александер Албон откако британецот со тајландско потекло се пожали на напад на слепо црево. Поранешниот Формула 2 и Формула Е првак импресионираше со К2 квалификации и 9то место со 2 поени за себе и екипата. Не погреши ништо за време на тркањето во Монца, си ја одбрани позицјата и константно беше во поени.

Шпекулациите велат дека неговите шанси за место на гридот догодина се големи, а Капито е воодушевен и задоволен од неговите перформанси.

не можеше да направи ништо повеќе од тоа што го направи. беше неверојатен, беше безгрешен и поради тоа очекуваме многу од него. тешко е да се влезе во болидот прв пат само два часа пред квалифиациите и да се вози без ниту една грешка.

се бранеше и напаѓапе, беше и претекнат за цел круг и не пропушти во пропуштањето, а потоа птомени гуми во сложена процедура и беше безгрешен – задоволен е шефот капито.

Со оглед на тоа што Ник е под договор со Мерцедес, Капито посочи дека одлуката е на “сребрените“ во врска со тоа дали ќе добие дозвола да се трка за друга екипа, но и Алпин се заинтересирани за неговите услуги.

мора самиот тој да си каже какви договорни обврски и палнови има. видовме колку може да биде луд пазарот на возачи, затоа јас не сакам измислени работи туку само факти кои со него се очигледни.

Можно е де Врис да биде повикан како замена на Албон и за две недели во Сингапур на многу тешка улична трка, но се зависи од здравствената состојба на Алекс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ