Тост признава дека Де Врис не бил подготвен за место во Ф1

Тимскиот шеф на АлфаТаури смета дека на Ник де Врис му требале повеќе тестирања пред да го направи своето деби во Ф1 со оглед на моменталната конкурентност на гридот.

Франц Тост призна дека Ник де Врис не бил соодветно подготвен за неговото деби во Формула 1 со тимот.

Холанѓанецот беше заменет со Даниел Рикардо до крајот на сезоната, откако Де Врис не успеа да ги исполни очекувањата и да освои поени во неговите први десет трки.

Зборувајќи за отказот, Тост вели:

Чувствувам многу симпатии за Ник, верувајте ми ова беше навистина многу, многу тешка одлука бидејќи Ник е фантастична личност. Тој го освои шампионатот во Формула 2 и беше светски шампион во Формула Е.

Морам да кажам дека Ф1 драматично се промени во последните години. Тоа значи дека ако млад возач влезе во Ф1, тој навистина треба да биде подготвен на многу, многу професионален начин.

Што мислам со ова? Пред да дојде во Ф1, тој треба да ги има двата приватни теста каде поминува околу 5,000 километри или како и да е.

На Де Врис му недостасуваше знаење за патеките

Многу од патеките на почетокот на сезоната не се во календарот на јуниорските серии. Ова е тешко за дебитантите да се аклиматизираат на барањата на Ф1, според Тост.

На почетокот на годината имате многу тркачки патеки каде што никогаш претходно не се тркале, како во Саудиска Арабија, Мајами, Мелбурн – додаде тој.

Потоа имаме дополнителни Спринт трки како во Баку каде што имате само Т1, а потоа веќе се квалификувате.

Ова е за дебитант, навистина, навистина тешко да покаже добри перформанси. Гридот сега во Ф1 е многу, многу конкурентен. Нема возач што не заслужува да биде таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ