Капито: Наследникот на Латифи ќе го објавиме по крајот на сезоната

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, му даде надеж на Мик Шумахер за место во Формула 1 и по крајот на оваа сезона. 

Се чини дека Хаас ќе се откажат од неговите услуги откако беше отфрлен и од Ферари академијата, но сепак има надеж да остане во најпрестижната тркачка серија. 

Секако размислуваме за Мик затоа што Тој заслужува да остане во Формула 1 и Тој е опција за нас. Мислам дека може да напредува во одличен Формула 1 возач. спортот е многу комплексен и бара многу технички познавања. На возач му се потребни неколку години за да се привикне – свесен е германецот капито.

Но сепак, тимот има неколку опции за наредната сезона. 

Логан Сарџант е на листата и Ќе одлучиме по последната трка во Абу Даби. Целиот пазар е отворен И други тимови се заинтересирани за Ник де Врис. Ќе видиме што ќе одлучи. Доколку не одлучи за друг тим ние сме опција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ