Капито: Нема да го отпуштиме Латифи

Шефот на Вилијамс уште еднаш потврди дека местото на Николас Латифи не е во никаква опасност да остане празно во текот на летната пауза. 

Ова е трета сезона за канаѓанецот во Вилијамс и Формула 1, а неговите перформанси во последниот период не се добри, посебно оваа сезона, тие се во надолна линија. Со заминувањето на Џорџ Расел во Мерцедес и доаѓањето на Александер Албон во тимот, тој редовоно е на крајот на гридот.  Латифи и Шумахер се единствени без поени на гридот по пет извозени трки годинава.

Имаме договори со двајцата возачи и ги почитуваме. Латифи е побавен од Албон на квалификациите и Потребно му е повеќе време со новиот болид. сепак, ја има целата подршка без сомнение – посочи јост капито.

Но, неколку познати имиња на гридот сметаат дека веќе се подготвува замена за Латифи, а најспоменуваното име е Оскар Пиастри кој е резервен возач на Алпин. Капито сепак смета дека Пиастри ќе биде на гридот наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ