Капито: Националноста не е клучна за Сарџент

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, изјави дека тоа што Логан Сарџент е американец не е клучно за добивањето на место во тимот наредната година. 

Капито беше потврден во Остин во Саботата како замена за Николас Латифи само доколку ги освои потребните поени на суперлиценцата по финалето на Формула 2 сезоната во Абу Даби. Тој ќе биде првиот американец кој ќе вози во Формула 1 по Александер Роси во 2015 година. 

Возач американец долго време е најавуван од Стефано Доменикали и Рос Браун, посебно со додавањето на три трки во Америка. Сарџент ја има помошта од Дорилтон Капитал кој се сопствениците на Вилијамс.

Добро е за Формула 1 да има возач американец, но Не го избравме само поради тоа туку поради неговиот успех. Цел за нашите возачи од академијата е да ги донесеме во Формула 1. Доколку имате возач кој е подготвен и имате место, секако ќе го пополните со него.

Тоа е заклучокот и Тоа што е американец е само додаток за одлуката, но не е пресудно. Секако не сме глупави. Размисливме кога да се случи ова – објасни германскиот шеф.

Капито изјави дека Сарџант е сериозен кандидат за место уште откако победил на Силверстон во Формула 2 серијата оваа година. 

Мислам дека од Силверстон си рековме дека е подготвен. Немавме обврски, но сакавме да се подготви добро пред да го земеме. Имавме разговори со други возачи. Мора да го покриеме ризикот доколку не ги освои поените на суперлиценцата. Веруваме дека може да ги освои тие поени. 

Дали Сарџент се развивал побрзо од очекуваното, Капито изјави: 

Никогаш не знаеме каков е развојот и Некои возачи брзо се развиваат. Мора да се најде начин да се искористи потенцијалот. Со Логан беше лесно да се донесе одлука. Ова е вистински момент за почетник кој победува и има добри перформанси на квалификациите и треба да се напредува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ