Карабинери уапсија осомничени во кражбата на часовникот на Леклер

Италијанските власти уапсија четири лица осомничени дека во Aприл минатата година украле луксузен часовник од возачот на Формула 1, Шарл Леклер.

На возачот на Ферари му е украден ексклузивниот часовник од брендот Ричард Миле кога го посетил крајбрежниот град Виареџо. Кражбата се случила кога на Леклер за селфи слика му пришле двајца “фанови“ кои носеле кациги за моторцикли.

Во соопштението, карабинерите велат дека во куќата на еден од осомничените биле откриени два вредни часовници, по истрагата што траела неколку месеци.

По извршениот видео надзор и испрашувањето на различни сведоци, осомничените, кои сите потекнуваат од пристанишниот град Наполи, биле пронајдени од полицајците и приведени. Сите тие и се познати на полицијата и имаат криминално досие, гласи во изјавата на карабинерите.

Допрва треба да се потврди дали еден од овие часовници е оној што му бил украден на Леклер.

Соопштено е и дека во просториите биле пронајдени поголеми суми пари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ