Катар: Луис пред Макс, Алонсо се врати на подиум по 104 трки

Одлично премиерно издание на Големата награда на Катар, трка со многу претекнување, победа од почеток до крај ан Луис Хамилтон, одлични воведни кругови за Верстапен и враќање на Феернандо Алонсо на подиум.

Шпанецот Алонсо немаше подиум од Унгарското Гранд При во 2014 година и по пауза од 104 трки се враќа во топ 3 по 98ми пат во неговата пребогата тркачка кариера.

Стартот донесе неизвесност, Нандо најави дека ќе ризикува и веднаш го мина Пјер Гасли за 2ро место, се одбрани од моќниот Верстапен кој доаѓаше од позадина, почна на 7мо и по првиот круг беше 4ти. Валтери Ботас назадуваше дури до 11та позиција иако тргна од 6та.

Кругот број 4 беше моментот кога Макс Верстапен го мина Пјер Гасли за 3то место, а следниот и Фернандо Алонсо за 2ра позиција.

Од позадина силно се пробиваше и Серхио Перез откако во 8от круг го мина Карлос Саинз за 7мо, следниот го претекна и Естебан Окон и беше 6ти за во 13от круг да го мине и Пјер Гасли за 5та позиција. Кругот број 16 беше моментот кога Чеко го претекна и Ландо Норис и беше 4ти.

Напредуваше и Ботас и во 9от круг го претекна Јуки Тсунода за влез во топ 10. Во 15от круг веќе го претекна Естебан Окон за 6то.

Во 17от круг промената на гуми кај водечките ја отвори Макс Верстапен кој своите први медиум ги замени на хард, а Мерцедес имаа доволна предност, не сакаа да ризикуваат и го копираа следниот круг. Во 19та обиколка на хард промени и Перез, а 4 кругови подоцна и Ботас. Кругот број 24 беше моментот кога третопласираниот Фернандо Алонсо влезе по нов сет хард откако дотогаш возеше на софт.

Во 27от круг гумите на Шарл Леклер попуштија и во исти круг тој загуби позиција од Серхи Перез и од Фернандо Алонсо, по што следната обиколка Ферари направи двојна промена, прво кај Саинз, а неколку секунди подоцна и кај Леклер.

Во 29от круг Серхио Пере го превзема тогаш 4то место на Алонсо, а следуваше најголемото возбудување на трката.

Валтери Ботас до 33от круг возеше со своите квалификациски медиум кои преку еден тротоар не издржаа и откажа предната лева гума. Финецот влезе во боксот и промени гуми и нос, но се паркираше во гаражата во 51от круг поради големи отештувања на болидот.

Пјер Гасли беше тој која ја отвори и втората серија промени на гуми во 37от круг земајќи медиум. Верстапен промени на медим во 41от круг и повторно следниот истото го стори и Хамилтон и Перез.

47от круг Серхио Перез беше пребрз за Строл и Окон и ги мина за тогаш 5то место во поредокот.

Ландо Норис во 50от круг по втор пат промени гуми, назадувајќи од 4то на 10то место откако екипата забележала бавно губење на притисок во еден пневматик.

Гумата на Расел се дупна во 51от круг, но тој успеа да дојде до бокс и да ја промени, но Латифи не успеа во истото откако неговиот преден лев пневматик одкажа во 52от круг по што тој се паркираше и предизвика виртуелно безбедносно возило.

Верстпане имаше голем простор зад себе и за време на виртуелното безбедносно возило промени на софт и два круга по ред поставуваше најбрз круг освојувајќи го поенот на крајот.

Така Хамилтон пред Верстапен и Алонсо на подиумот, а потоа Серхио Перез и колегата на Нандо, Естебан Окон. Шесто место за Ленс Строл пред тандемот на Ферари, Саинз прд Леклер. Ландо Норис спаси 2 поени за Мекларен, а до поен извозе и Себастијан Фетел.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ