Квјат го објасни спектакуларниот рестарт на Имола

Даниил Квјат објасни дека довербата во Шарл Леклер и дека возачот на Ферари нема да направи ништо глупаво на крајот на трката му помогнало да го мине од надворешниот дел на Патела кривината на трката за Големата награда на Емилија Ромања на Имола.

Русинот имаше фантастичен рестартот по безбедносното возило кон крајот на трката во Имола и максимално ги искористи своите нови софт гуми за од 7мо место да се пробие до 4то во само половина круг.

По повлекување на безбедносното возило експресно го мина Серхио Перез, а потоа и Александер Албон во пресрет на првата кривина, а претекнувањето над Леклер беше го донесе зад Даниел Рикардо кого го притискаше за подиум.

знаев дека имав предност во однос на подобро загреани гуми во однос на оние пред мене кои беа на хард и морав веднаш да го искористам тоа додека и нивните гуми не се загреале. едноставно се обидов да имам колку што можам подобар рестарт од последната кривина и добро да се залетам за болидот пред мене.

видов дека серхио се мисли каде да тргне и тргна од лево, а јас одлучив да се залетам зад алекс и потоа да минам лево од него за да го претекнам. се надевав дека нема да направи ништо чудно затоа што на брзина ќе беше многу опасно. беше тесно и немаше многу место, но успеав доцна да кочам за првата кривина и така минав – појасни квјат.

Откако ги мина Перез и Албон, тој се доближи до Ферари и мораше брзо да делува за да ги искористи своите нови софт гуми. Летечкиот Пиратела не е место каде често се претекнува, но русинот реши да не троши време и да го мине Леклер откако се забра возејќи зад него на искачувањето по кривината Тоса.

понекогаш треба да измислите некои работи, а јас знаев дека леклер нема толкава верба во болидот затоа што гумите му беа ладни, а јас сакав да видам како ќе реагира. добро се залетав по излезот од тоса, се обидов да имам колку што можам излез и да имам добра тракција.

искористив дополнителна сила од моторот и добар залет, беше кус правец, но добро го искористив. се обидов да кочам подоцна од него, видов дека тој доста рано закочи и си реков дека ако му оставам доволно место од внатре, ќе успеам да го минам. тоа се случи, но секогаш мора да имате доверба во вашиот конкурент со кого се трката.

По Леклер, пред Квјат беше единствено Даниел Рикардо кој возеше на 3то место, но шансата да се предизвика Рено не беше голема, а Дани пред се требаше да ги наполни батериите, но до тогаш се загрејаа и хард гумите на Рикардо.

до тогаш имав искористено голем дел од батеријата и кога дојдов до даниел морав да почна со полнење на истата, неколку кругови морав да се смирам и да не притискам многу.

потоа почнав од ново да го притискам, но неговите гуми се загрејаа додека јас се пробивав пред останатите. рено се одлични на правците и беше тешко да се стигне рикардо, но ако имаше повеќе кругови, се можеше да се случи.

КОГА ЈА МИНАВ ФИНИШ ЛИНИЈАТА, НЕ ЈА КРЕНАВ РАКАТА ВО ВОЗДУХ ИЛИ НЕШТО СЛИЧНО НА ТОА ЗАТОА ШТО СЕУШТЕ БЕВ ФОКУСИРАН НА ДАНИЕЛ. НЕКОЛКУ МЕТРИ ПОТОА НЕ БЕВ ПРЕЗАДОВОЛЕН ЗАТОА ШТО СМЕТАВ ДЕКА МОЖАМ И ПОВЕЌЕ, НО СРЕЌЕН СУМ СО РЕЗУЛТАТОТ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ