Квјат: Последниот круг покажа што можам

Даниил Квјат откри дека не се залажува дека неговата иднина во Формула 1 ќе ја решат квалификациите на Шакирското Гранд При, но не пропушти да потенцира дека последниот круг покажал што тој може.

Русинот ќе го загуби местото во АлфаТаури за 2021 година и тоа најверојатно од Јуки Тсунода кој со денешната Формула 2 победа освои доволно поени за супер лиценца. Дани, кој цела сезона е во сенка на својот колега, Пјер Гали, овој пат го поведи на квалификациите.

имав добра квалификациска сесија и најдов одличен ритам да бидам искрен. немав добар к3 круг на квалификациите овдека минатата недела, но бев задоволен во целост од возењето, но денеска успеав да имам одлични квалификации. мислам дека денешниот круг е најдобар годинава на квалификациите и поради тоа су многу задоволен, многу задоволен – потврди русинот.

Сепак, тој е свесен дека неговите перформанси на денешните квалификации нема да ги убедат АлфаТаури да го задржат и следната сезона.

свесен сум дека шансите ми се многу мали и прифатив тоа пред некое време. во моментов има само едно слободно место во формула 1 и тимот треба да промовира свој млад возач, тоа знам јас. фер е, јас не се залажувам и знам дека тоа е нормалниот и вообичаениот тек на работите.

јас давам се од себе на последнтие трки за мене во спортот, а оваа квалификациска сесија покажав дека вредам. денеска беше еден од оние моменти кои се потсетување што можам кога се е во ред. ако ме нема следната година ќе направам се да се вратам гладен во 2022 година за да го покажам потенцијалот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ