Квјат сака повеќе патеки како Зандворт

Даниил Квјат е голем фан на историски патеки како Зандворт и смета дека во Формула 1 календарот треба да има повеќе трки со таков карактер.

Патеката, домаќин на Холандското Гранд при, се врати во спортот за прв пат од 1985 година. Многумина се запрашуваат дали одговара на модерните Формула 1 болиди, но Квјат кој има победа во Формула 3 на истата патека одвај чека да вози во Холандија.

Ја обожавам патеката, Одлична е. Мислам дека е многу кул бидејќи има историски карактер, а многу е забавна. Поинаква е. Ни требаат повеќе вакви трки со ваков карактер.

Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе се одвива трката. Во секој случај, правците се прилично кратки. Можеби ДРС ќе помогне. Чекам да видам што ќе биде возможно.

Имаат адаптирано неколку работи за да биде поблиску до модерните безбедносни стандарди. Ќе видиме како ќе изгледа Формула 1 на оваа патека. Мислам дека квалификациите ќе бидат многу кул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ