Квјат ќе биде резерва во Алпин сезонава

Русинот Даниил Квјат ќе остане блиску до Формула 1 сезонава откако Алпин го назначија аз свој резервен пилот сезонава.

26-годишникот има 110 трки зад себе во Торо Росо, сегашен АлфаТаури како и во Ред Бил и тоа од 2014 до 2020 година и патем освои три подиуми. Во 2015 година сезонава ја заврши на 7мо место кај возачите во својата цела сезона во Ред Бул.

Во 2018 година Дани не се тркше во Формула 1 и одработуваше во симулаторот на Ферари пред да се врати во Торо Росо. Русинот остана без место годинава откако АлфаТаури решија да го донесат Јуки Тсунода крај Пјер Галси во екипата.

премногу сум возбуден што ќе станам дел од формула 1 семејството на алпин. екипата постигна одлични резултати лани и е во многу технолошки напредна фаза. развојот е силен и јас целам да придонесам во позитивниот тренд.

ќе го донесам моето искуство на патеката и надвор од неа за подобро да го развиеме овој а521, но и следните болиди – најави квјат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ