Кери: Тоа што бев нов во Формула 1 многу ми помогна

Актуелниот Главен извршен директор на Формула 1, американецот Чејс Кери, верува дека фактот што бил нов во спортот многу му помогнало. 

Тој претходно работел во News Corp, 21st Century Fox и Sky plc пред да дојде за Главен извршен директор на Формула 1 Груп во Јануари 2017 година, откако Либерти Медиа го купија спортот. 

Американецот сега ќе има улога на Неизвршен Претседател во Формула 1 откако Стефано Доменикали ќе дојде како негова замена. Чејс го превзема раководењето со спортот како замена за контроверзниот Берни Еклстон. 

Мислам дека во тоа време беше вистински погодок да дојдам без перспектива во нешто што е градено со години и да го погледнам со други очи. Моравме да средуваме работи кои не се правеле со години во светот на дигиталната медиа и да го направиме спортот поголем спектакл.

Мислам дека е еднакво важно да се има некој кој знае да падне на земја и не му е потребно многу време да го препознае предизвикот и можностите пред себе и врз нив да гради. Мислам дека има смисла.

со искуството на Стефано, вистинските работи ќе дојдат. Мојата улога ќе биде да помагам, Но Стефано го има финалниот збор.

Сигурно ќе поминуваме време зборувајќи за предизвиците и можностите. Мислам дека делиме иста визија за Формула 1, Но не очекуваат возбудливи работи како новите болиди во 2022 година и слични иницијативи како ограничен буџет и рамноправна распределба на наградата – посочи кери.

Тој додаде дека името на Доменикали се истакнувало како негов наследник. 

Тоа е навистина добро, како ништо друго во мојот живот. Имав одлична кариера во медиумите и Мислам дека да работиш во ваков спорт и вакви спортисти со огромна историја е одлично. сметам дека Формула 1 е на одлично место и по ваква возбудлива сезона не чека одлична иднина.

Доаѓањето на Стефано е возбудливо и мислам дека брзо ќе се снајде бидејќи ги познава сите. Јасно е дека неговото име беше на посебно место поради неговото искуство во спортот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ