Кеј го откри пристапот на Мекларен за спринт трките

Техничкиот шеф на Мекларен, Џејмс Кеј, објасни како екипата ќе се подготвува за овогодинешните спринт трки односно спринт квалификации.

Спринт квалификациите ќе дебитираат на Британското Гранд При во Јуни на легендарниот Силверсто, а ќе се одржат вкупно три пати во текот на годнава. Воведувањето на промите во тркачкиот формат значи поместување на стандардните квалификации за Петок на местото на едната тренинг сесија.

Кеј не смета дека новината ќе го промени начинот на кој Мекларен се подготвува за тркачкиот викенд, но секако дека ќе има промени.

нашите момци кои ги работат симулаџиите се обидуваа да добија идеја како да се подготвиме за овие промени. не мислам дека ќе промени нешто за нас во однос на болидот освен што ќе треба да научиме побрзо да го адаптираме сетирањето. ќе треба малку да го промениме и нашиот нашин на работа – вели кеј.

Тој се осврна на нови делови на болидот за кој смета дека поради една тренинг сесија помалку, ќе биде многу тешко да се промовираат на викендите каде ќе има спринт квалификации.

тоа нема да биде некаков особен проблем поради рестрикциите ионака екипите немаат право и можност за многу новини годинава, но очекуваме да се адаптираме и да работиме повеќе во симулаторот.

ако земете во предви што направивме во барселона со аеродинамичките новини, тешко е да се направи тоа за време на тркачки викенд каде има тркачки квалифиации затоа што едноставно нема доволно време.

пристаот на таков викенд во однос на техничката перспектива ќе биде различен, ќе се подготвуваме подобро за сетирањето и ќе мора повеќе да работиме во симулаторот за подобар викенд. треба подобро да оптимизираме и ќе треба да се подготвиме подобро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ