Според Кларксон, Ф1 е интересна само на телевизија

Поранешниот водител на Top Gear и сегашен на Grand Tour, Џереми Кларксон, призна дека Формула 1 е интересна само на телевизија по неговото неодамнешно патување на Големата награда на Бахреин.

Познато е дека контроверзниот презентер е долгогодишен обожавател на Формула 1, а неговото прво патување на трка било на Гранд При трката на Велика Британија во 1973 година. Откако беше сведок на Џоди Шектер и Андреа де Адамич, Кларксон вети дека ќе оди на што е можно повеќе трки во иднина, завет што тој го откри во колумна за Times.

Ова е проблемот со Формула 1 како настан во живо – напиша Кларксон.

Мора да имате многу среќа за да видите инцидент, па дури и ако го направите тоа, обично завршува во блиц и нема репризи со забавена снимка за да ви помогне да разберете што го предизвикало.

Ова, значи, е спорт кој досега навистина функционирал само на телевизија.

Осврнувајќи се на неговата посета на Големата Награда на Бахреин, Кларксон додаде:

Мартин Брандл мораше да брза за да се посвети на неговите должности за коментирање и морав да се упатам кон врвот на кулата внатре, што мислев дека ќе ми даде добар поглед на акцијата.

Искрено бев исполнет од возбуда. Мојата прва трка по години, под заоѓањето на пустинското сонце, опкружена со гламур и бучава и трпеливо исчекување на несреќа во првиот свиок.

Излегов од лифтот, трчав покрај барот, бев толку возбуден и го зазедов моето место на балконот кога се гаснеа светлата за стартување. Се слушна бучава и набрзо змија од болиди прошушка. А потоа имаше помалку врева некое време, потоа тие повторно минуваа и сфатив дека всушност не знам кој каде е во поредокот.

Значи, се вратив во кулата, најдов софа и почнав да гледам на телевизија И тука останав, разговарајќи со Берни Еклстон за крави и сите други работи, додека Макс не победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ