Алпин не го знаат вистинското темпо по проблематичниот викенд

Отмар Шафнауер вели дека неговиот тим сè уште не знае колку е конкурентен болидот за 2023 година, откако и двајцата возачи имаа проблеми за време на Големата Награда на Бахреин.

Формата на Алпин беше еден од главните прашалници по предсезонските тестирања, во кои не поставија брзи времиња на најмеките соединенија на Пирели. Но, тркачкиот викенд откри само мал дел за вистинското место на Алпин во редоследот, бидејќи Естебан Окон и Пјер Гасли се соочија со проблеми.

Окон се квалификуваше како 9ти, но потоа се соочи со трикратна казна во трката пред да се откаже. Гасли стартуваше последен откако направи грешка во К1 со агресивен сет-ап, но потоа се истакна во трката со тоа што се искачи на 9то место.

Квалификациското темпо на Окон и враќањето на Гасли на денот на трката го истакнаа потенцијалот на Алпин, но тимскиот шеф Шафнауер сè уште не знае што може да се постигне кога ќе имаат викенд без проблеми.

Сè уште не го знаеме вистинското темпо поради некои оперативни работи што се случија на трката – рече Шафнауер.

Естебан ги имаше сите негови проблеми за кои разговаравме, Пјер беше заглавен на 19то место подолго време на почетокот. Ги гледам времињата по круг и ако некогаш гледате трка помеѓу момците напред и момците одзади, во истиот болид може да возите две секунди побрз или побавен круг само поради позицијата во која што се тркате.

Значи, сè уште не знам каде сме само затоа што не бевме во позиција со еден болид, а другиот болид ги имаше проблемите за кои зборувавме. Мислам дека не сме далеку.

Силниот последен напад на Гасли со меките гуми, во кој тој за малку ќе го стигнеше Валтери Ботас од Алфа Ромео пред него, сугерира дека Алпин беше петтиот најбрз болид во Бахреин. Откако беше претекнат од Aстон Мартин во споредба со минатата година, Шафнауер вели дека нивната главна цел е да го развијат болидот уште повеќе бидејќи сè уште има за цел да се задржи на четвртото место.

Но, дури и на краток рок, тој е убеден дека тимот од Енстон ќе постигне многу поени само со изведување чисти викенди.

Мислам дека бевме околу 16 секунди зад Ботас во тој момент и го фативме, но не можевме да претекнеме на крајот. Така што мислам дека тој стинт добро функционираше – рече Шафнауер.

Гледајќи го тоа од оптимистичка гледна точка и доколку Пјер стартуваше деветти, сигурно ќе го победевме Ботас. Колку ќе бевме блиску до Мерцедес и мислам Строл? Тие беа 16 секунди пред нас, треба да погледнеме.

Сега треба само да бидеме подобри со развојот за да можеме да ја намалиме разликата со оние момци кои сакаме да ги победиме.

Естебан што беше надвор од позиција на стартот, ќе научи од тоа. Оперативно, можеме да се радуваме на трки без проблеми. И ако тоа се случи и Пјер се квалификува таму каде што може да се квалификува и ги имаме и двајцата во првите 10 позиции, тогаш мислам дека ќе освоиме многу поени и потоа ќе се бориме за четвртото место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ