Кога Марадона беше во падокот со уште една легенда

Аргентинската и светска фудбалска легенда почина во текот на вчерашниот ден оа 60-годишна возраст по успешна операција на мозокот од која се рехабилитирал, но неговото срце не го издржало стресот.

Марадона е по многумина најдобар играч во историјата на најважната споредна работа во светот, а нискиот напаѓач стана шампион со Аргентина во 1986 година. Тој беше и голем фан на Формула 1 и го обожуваше Ферари, веројатно поради поврзаноста со Италија преку Неапол каде стана легенда.

Во 1995 година тој ги посети Скудерија на Гранд При трката во Монако и беше поздравен од уште една спортска легенда која во моментов недостасува, Ники Лауда.

Легендата вели дека лично Енцо Ферари ургирал да се направи црно Ферари Тестароса специјално за Марадона, затоа што Ферари го произведувала легендарниот автомобил само во црвена боја. На барање на газдата, во автомобилот на Диего било вградено и радио и клима, невидено во тоа време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ