Конечно поени за Кими, но се надевал на повеќе

Лошата серија на трки за Кими Раиконен заврши на Тосканското Гранд При откако освои поени, но ветеранот се надевал на повеќе.

Финецот извозе 8 трки сезонава без пласман во топ 10, но на тоа стави крај со пласман на 9то место на Муџело и покрај казната од 5 секунди. Тој исто така беше инволвиран во сударот со Макс Верстапен во првиот круг од трката.

Добив казна кога поминав преку линиите пред влезот во боксот, Но сепак освоив 2 важни поени. Тоа е важно.

Штета е што во ваква трка не успеавме повеќе, а имав штета од првиот круг. Продолжив да се борам, но секогаш се надеваме на повеќе.

Мислам дека можевме да завршиме на повисока позиција со почиста трка, но се надевам ќе ги имаме овие перформанси и на следните неколку настани – посака раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ