Корона вирусот не го загрозува Виетнам

Иако се повеќе прашања се поставуваат за трката за Големата награда на Кина, од Виетнам доаѓаат информации дека трката ќе се одржи според планот.

И покрај растот на починатите од корона вирусот во Кина, шефот на трката во Кина сеуште не дискутирал за одржувањето на трката. Иако спортската федерација на Шангај препорача откажување на сите спортски настани, организаторите треба официјално да се обратат до Либерти Медиа околу нивнит епланови, по што сопствениците на правата на спортот треба да решат дали ќе ја презакажат или целосно ќе ја откажат трката.

Рос Браин изјави дека се чека на кинезите да ја донесат главната одлука. И покрај тоа што најверојатно ќе биде откажана трката во Кина или одложена, Виетнам не очекува да ја има истата судбина.

Активно го следиме развојот на настаните, но не очекуваме проблеми за трката во април. Продолжуваме со работа и следење на ситуацијата.

Ханои е закажан за трета трка во шампионатот на 5 Април.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ