КОТА очекува половина милион гледачи догодина

Патеката на Америките оваа година беше домаќин на Големата Награда на САД, а трите денови крај главниот град на Тексас ги следеа вкупно 440,000 фанови со што се постави нов рекорд на гледаност во Формула 1. 

Поради зголемената побарувачка на билети, се поставија дополнителни трибини и се направи нова организација на превозот. Според шефот на КОТА, Боби Епстин, се очекува половина милион гледачи наредната година. 

Можеме да стигнеме до таа бројка. Го тестираме нашиот автобуски систем. Може да се зголеми бројот на автобуси, но потребно е да се развива и целата мрежа, времето на транспорт и полнење на автобусите – посочи главниот промотер на настанот.

КОТА брзо ги распродаде билетите за овогодинешната трка и ридот крај првиот свиок беше исполнет до крај. Целиот викенд беше дополнет со концерт на Ед Ширан, Грин Деј и Интерпол. 

Внимателно работиме на заинтересираноста на публиката. Ние работиме на организација Да биде забавно, Тоа е нашиот фокус. 

Наредната година најверојатно ќе има и американец на гридот откако Вилијамс потврдија дека ќе го земат Логан Сарџент ако обезбеди доволно поени на својата супер лиценца, со што Епстин смета дека е важно за зголемувањето на интересот за спортот. 

Тоа е многу вредно и важно за нас. Доколку ме прашувате за три или четири години од сега, би било одлично да биде тука. Голем чекор е да имаме американец во првиот ред. Сакаме победници. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ