Сарџент имал многу тешка преселба во Европа

Формула 1 важи за европски спорт, а возачите надвор од “стариот континент“ мора да се преселат физички за да може да бидат подостапни за екипите и поуспешно во тркањето, а Логан Сарџент се присети на својата тешка преселба.

Сите 10 екипи од гридот се лоцирани во Европа, а дури 7 од нив се во Велика британија, патеките во Европа го сочинуваат срцето на календарот, додека сериите кои носат возачи во спортот, јуниорските Формула 3 и Формула 2, до неодамна беа строго европски.

Сарџент ја напуштил родната Флорида на 12 години со цел да стане дел од европските картинг трки, иста возраст на која Гуанју Жу ја напуштил Кина и се преселил во Англија. Логан го минувал своето време во Англија и Швајцарија тркајќи се на многу трки низ Европа.

многу е потешко одошто се чини, но исто е за сите од америка, за жу од кина, за возачи од австралија и нов зеланд. мора рано да се донесе таква одлука, мора да се напушти домот многу млад, да се напушти семејството и пријателите, така што на моменти станувате многу осамен, а менталниот притисок е огромен.

во исто време, тоа некако ве прави посилен, но предизвикот преовладува и токму поради тежината, не е голем бројот на не-европски возачи во формула 1 – вели сарџент.

Потребните финансии и огромниот притисок е причината поради која ретко кој млади американци се решаваат да ја продолжат својата тркачка кариера во Европа, туку остануваат во Индикар, Наскар или ИМСА. Сарџент е првиот американец во Формула 1 по Александер Роси кој се тркаше во 2015 година, а последните 30 години само уште Скот Спид беше дел од серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ