Култхард сака повторно да се размисли за трка во Њу Јорк

Дејвид Култхард, шкотланѓанецот со 13 Гранд При победи зад себе, посочи дека Формула 1 треба повторно да размисли за трка низ Њу Јорк, нешто што би било одлично за спортот и државата.

Говорејчи на настанот организиран од IWC Schaffhausen во пресрет на трката во Мајами, Култхард возеше дел од патеката дизајнирана од Хелман Тилке со должина од повеќе од 5 километри на брегод на реката Хадсон со РБ7 болид од 2012 година. Дејвид смета дека местото е совршено за следното проширување на календарот во Соединетите Американски Држави, а промената на надморската височина од 46 метри би била рекордна во календарот и поголема од легендарната на О’Руж.

се обидовме да донесеме трка во њу јорк пред некоку години. се сеќавам дека возев со еден постар болид на ред бил дел од патеката која беше планирана и беше неверојатно.

се работи за делот спроти менхетн, дел каде О’Руж во белгија изгледа како играчка. ако некогаш некој успее да го стави повторно тој план на маса, ќе биде совршено место – посочи култхард.

Тој верува дека постори простор за уште едена насан во САД и покрај староседелецот Остин, Мајами кои веќе втора година организираа трка и овогодинешните дебитанти од Лас Вегас.

мислам дека во иднина слободно можеме да имаме четири трки во сад со оглед на големината на државата и желбата да се освои таа голема држава. имаат свој начин на следење на спортот, многу поинаков од европскиот, така што секоја трка е посебна приказна.

на остин веќе се навикнавме, нормална патека на кој долго се тркаме. мајами е некако хибриден, а вегас ќе биде играчка за возрасни. да се биде во град наместо на некој автодром е иднината, а по гранд при трката во сабота во вегас ќе биде лудило.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ