Бергер: Четири трки во САД се премногу

Поранешниот Формула 1 возач, австриецот Герхард Бергер, изјави дека не сака многу трки во Соединетите Американски Држави. 

Оваа година ќе гледаме три трки во САД со додавањето на Гранд При трката во Лас Вегас на календарот. Формула 1 имаше премиера лани во Мајами, а поодамна се одомаќинети во Остин.

Бергер има возено во Америка во 1987 година во Детроид и признава дека фановите се навикнати на традиционалните патеки. Герхард посочи дека додавањето на Лас Вегас на календарот ќе го одземе сјајот на Монкако.

Имаме проблем со многу трки и мислам дека ќе биде трета или четврта трка во САД. Има премногу во Америка, Вегас е премногу светкав за мене. Можеби сум старомоден и сакам да ги гледам Спа, Монца, Будимпешта и Монако, но не сакам толку светкави трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ