Крак за спринтот: Ф1 мора да ја задржи својата ДНК

Шефот на Астон Мартин, Мајк Крак, даде свое мислење за овогодинешното менување на спринт форматот и смета дека Формула 1 мора да ја задржи својата ДНК. 

Тимовите во Баку ќе го пробаат новиот спринт формат на првата од шестте спринт трки закажани за оваа сезона. Шефовите на тимовите не се фанови на развојот на спринт форматот кој еволуира и се пробуваат нови работи. 

Формула 1 мора да еволуира, но спортот мора да се држи до корените. Имавме доста конструктивни дискусии бидејќи тука се и интересите на акционерите кои мора да сфатат дека тука се многу правила, гуми и искористеност на моторот. Сите тие точки имаат свој фактор во целата приказна и интересот на тимот е да ја види големата слика – посочи крак.

Сеуште е рано но се зборува, но најверојатно Формула 1 ќе го прифати моделот на МотоГП каде започнаа со спринт трка во сабота секој викенд во текот на календарот. Хамилтон сеуште нема мислење за концептот бидејќи во Монако тоа би било проблематично и ризично. 

Мислам дека би било интересно и динамично, но на места како Монако треба да се има различно решенени. Ми се допаѓа форматот на спринтот со еден тренинг и веднаш да се оди на квалификации. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ