Крак: Лоренс Строл сака да знае кога ќе победиме

Одличнио почеток на сезоната за Астон Мартин сè уште е недоволен за амбициозниот газда, Лоренс Строл, според шефот на тимот, Мајк Крак, и покрај низата подиуми на првите три трки.

Астон Мартин беше дел од средниот ред на Формула 1 од неговото ребрендирање од сопственикот Строл во 2021 година, но се најде во првите редови со својот АМР23. “Зеление“ го држат второто место во шампионатот за конструктори, зад пресилнио Ред Бул, а новиот возач, Фернандо Алонсо се пласираше на третото место на секоја трка до сега.

Тоа е прилично лесно, изјавата за мисијата на Лоренс е многу јасна – рече Крак.

Тој не доцни да ни каже кога ќе победиме. Очигледно е среќен што го направивме чекорот напред, но тоа не е доволно за неговите амбиции.

Добрата работа со Лоренс е што знаете каде стоите. Тој сака повеќе и ќе мора да испорачаме повеќе.

Крак го пофали и досегашниот придонес на Алонсо.

Фантастично е, претходно ме прашаа дали ако некој ми кажеше дека ќе имаме три подиуми по првите три трки, јас немаше да верувам во тоа.

Покажува и каков шампион имаме таму, тој е неверојатен, неговата доследност, ако ги погледнете сите сесии во текот на годината, тој отсекогаш бил таму, во Т1, Т2, тој е секогаш горе и притиска максимално цело време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ