Крак се сомнева дека БМВ ќе влезе во Ф1

Мајк Крак кој е поранешен шеф на Моторспорт делот на БМВ и сегашен шеф на Астон Мартин, се сомнева дека германскиот производител ќе влезе во Формула 1. 

Тој беше регрутиран од Астон Мартин како замена за Отмар Шафнауер и ќе шефува со тимот од почетокот на оваа година. 

БМВ секогаш следи што се случува во Формула 1, Но мислам дека нема да се случи сега и нем да влезат во спортот.

Крак беше во Формула 1 во времето на БМВ Заубер ерата каде работеше со Себастијан Фетел и сега во Астон Мартин се повторно заедно. Тој призна дека е во добри оноси со германецот. 

Не знам, Треба да го прашате него – се пошегува.

Крак е свесен дека пред него има голем предизвик. 

Тоа е точно. Немав претходник да ме учи. Свесен сум за притисокот, но имам време да се научам. Мора брзо да се приспособам за да не загубиме вреден персонал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ