Кубица видел повеќе полски знамиња од италијански на Монца

Роберт Кубица возеше на Монца за Алфа Ромео како замена за Кими Раиконен и ја доби подршката на фановите на трибините. 

Тој по втор пат го менуваше Кими Раиконен кој остана во изолација поради позитивен тест на Ковид во пресрет на Холандското Гранд При. 

Секогаш сум сакал да возам на Монца бидејќи чувството е посебно. Ова е една од посебните трки која носи позитивни вибрации. Пред 10 години бев блиску до остварување на сонот да возам за италијански бренд, Но сега возам за друг италијански бренд и ова е одлична привилегија. Би сакал да се заблагодарам на полјаците кои беа на трибините во огромен број. Изненадувачки видов многу полски знамиња – задоволен е роберт.

Кубица е подготвен за замена и во Русија доколку Раиконен нема два последователни негативни тестови, но финецот веќе најави дека ќе биде во кокпитот. Раиконен потврди дека оди во пензија на крајот на сезоната и местото сеуште не е пополнето. 

Научив дека се може да се случи во текот на деновите, позитивно или негативно. реално има возачи кои се повисоко на листата да добијат место. Може треба да го прашате Фред, Јас возам во ендјуранс и фокусиран сум на тоа. Не знам што носи иднината. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ