Кубица доби петочна сесија на Штаерска

Роберт Кубица се враќа во болидот на Алфа Ромео следниот Петок за време на втората трка во Австрија односно Штаерското Гранд При.

Формула 1 има три трки по ред, онаа во Франција е веќе зад нас и следува двојна програма во Австрија и тоа викендот на 27 Јуни и на 4 Јули, првата ќе се вика Голема Награда на Штаерска.

Тоа ќе биде 7мо појавување во Алфа Ромео во Петок за Кубица откако беше резервен возч во тимот и лани како дел од соработката на неговиот спонзор, Орлен, со екипата. Кубица ќе го вози болидот на Кими Раиконен првите 60 минути во Петок.

екипата многу напредуваше во последно време и се чувствува самодовербата кај сите. знам колку е важно да се задржи моментумот и подготвен сум да ја изиграм мојата улога за да викендот во австрија биде колку што може посилен – најави финецот.

Полјакот има искуство од Ред Бул Ринг годинава откако во Мај возеше на Европската Ле Ман серија на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ