Кубица загрижен за спринтот на Монца

Роберт Кубица е свесен дека му претстои уште еден многу тежок тркачки викенд доколку Кими Раиконен не биде во состојба да се врати во кокпитот на Алфа Ромео за претсојното Италијанско Гранд При во Монца.

Полјакот чиј поддржувач Орлен е главен спонзор на Алфа Ромео, е резерва на тимот и доби шанса да се трка на Зандворт откако Кими Раиконен имаше позитивен Ковид-19 тест. Финецот мора да има два негативни тестови по ред за да добие дозвола за влез во Монца и дозвола да се трка.

не бев подготвен во зандворт, но сигурно дека ќе бидам подобро подготвен во монца. како и да е, форматот во италја ќе биде различен со квалификации во петок, така што ќе сакам да го максимизирам моето време во болидот во пресрет на квалификациите – посака полјакот.

Кубица заостануваше во однос на својот колега Џовинаци во текот на целиот викенд.

знам кои се моите проблеми, но тимот и јас никогаш не сме работеле да ги порпавиме затоа што јас сум резервен возач, а приоритет на екипата се оние кои се тркаат. не се обидувам да ги решам и моите проблеми затоа што сме мала екипа која нема доволно ресурси за да се посвети на друг освен на двајцата главни возачи за да оптимизира.

Тој е загрижен поради втората проба на спринт квалификации која треба да се случи викендов, формат кој смета дека нема да му одговара.

ако возам на монца, ќе имам само еден час да се подготвам. неам да биде лесно, но во зандворт покажав дека можам да работам со тоа што го имам на располагање. во мојата ситуација е подобро да се обидам да загубам неколку десетинки одошто да се обидам да постигнам нешто невозможно.

во формула 1 нема чуда, едноставно е невозможно да влезете во болид и веднаш да бидете брз – реален е роберт.

јас не уживав во формула 1 ниту кога се борев за врвот затоа шт оспортот бара премногу и носи многу стрес. јасно е дека имате сатисфакциај од резултатите и работата, но нема време за ништо друго.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ