Кубица останува резервист на Алфа

Роберт Кубица потврди дека и претсојнава сезона останув д биде резервист на Алфа Ромео, а се надева дека како и лани, така и оваа сезона, ќе може да се трка со спортски автомобили.

Полјакот кој се врати во падокот преку Вилијамс во 2019 година по отсуство од осум години, лани се тркаше и за АРТ тимот на БМВ во германската ДТМ серија и најдобар пласман му беше 3то место во белгиски Золдер. 36-годишникот се откажува од трјуринг автомобилите и наместо тоа сака да се насочи кон ендјуранс трки, а прва во низата треба да му биде 24 часа Дејтона викендов.

Кубица потпиша за High Class Racing во ЛМП2 прототип класата во американска ИМСА која верува дека ќе му одговара и дека е многу поконкурентна од сегашната Формула 1. Годинава ќе се трка и во ГТ3 класата.

гт3 е добра класа но има целосно различен стил на возење од тјурингот кој го возев лани. имам место во алфа ромео како резервен возач и ќе тестирам таму, а кога добивате ретки шансаи во болид во формула 1 како јас, немате многу време да се прилагодувате.

добивам формула 1 болид за возење еднаш во 2-3 месеци и имам петочни 90 минути или пак полудневен тест и морам колку што знам побрзо да се адаптирам и да дадам вредни повратни информации до инженерите на мојата екипа. ако се тркав во гт класата тоа ќе бараше премногу од мене – посочи кубица.

Трката на Дејтона викендов ќе биде еднократно појавувае на Роберт во американска ИМСА.

една од причините поради кои су во лмп2 автообил е поради тоа што е категорија која нуди автомобили со многу потисна сила и кои се многу слични со формула 1. сакам да ја откријам и оваа катгорија и да научам колку што можам повеќе.

ќе бидам силно вклучен во работата на алфа ромео во формула 1, всушност веќе почнав да работам таму. лани со пандемијата беше полесно да се комбинира тамошната работа со дтм, но годинава нема да биде така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ