Кубица откри дека Монца била посебна за него

Полскиот возач, Роберт Кубица, откри дека биле нетрпелив да вози на Монца откако втор викенд по ред Алфа Ромео го викнале да го пополни местото на отсутниот Кими Раиконен.

Роберт го менуваше Раиконен и на Зандворт откако финецот имаше позитивен тест на корона вирус во Сабота при влез на холандскиот автодром.

секогаш сакав да одработам барем уште една тренинг сесија во монца само затоа што чувството и емоциите да се вози таму се посебно. тоа е патека каде кога влегувате во падокот од било која причина е посебно.

на крајот, пред 10 години, јас бев блиску да се тркам за славен италијански бренд, нешт што беше мој сон, но сега се вратив и се тркав за друг славен италијански бренд. не се работи за истиот, но сепак беше привилегија.

секако дека со алфа ромео не го постигнавме тоа што го сакавме како исход од трката, но дадовме се од себе, се обидовме и уживавме. би сакал исто така да им се заблагодарам на полскит ефанови кои дојдоа во огромен број на монца – изјави кубица.

36-годишникот заврши на 14то место на славната патека, но на следната трка од календарот, Руското Гранд При, ќе се врати крај патеката, затоа што во болидот ќе си биде Кими Раиконен.

многу луѓе сметаа дека абу даби во 2019 година со вилијамс ќе биде последна трка за мене. но, историјата некако си поигра и не беше баш така. одличен пример за тоа како работи спортот, позитивен пример.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ