Кубица свесен дека промена на форматот ќе донесе помалку шанси за него

Роберт Кубица е исплашен дека промени во форматот на тркачкиот викенд, особено во Петок, ќе ги намалат неговите можности да вози на Гранд При настан сезонава.

Полскиот возач учествуваше на неколку тренинг сесии со Алфа Томео минатата сезона, а остана резервен и тест возач и претсојната. Сепак, намалувањето на времетраењето на петочните сесии од 90 минути на 60 минути ќе донесе помала можност за него затоа што ќе биде клучно оние кои ќе се тркаат да го одработат тој дел од викендот.

секако дека промена на форматот на тркачкиот викенд ќе ја направи мојата работа покомплицирана и ќе треба ад решиме со тимот како понатаму. нема да биде лесно затоа што од една страна го имате возачот кој ќе се трка и за кого е многу важно да биде во болидот колку што може повеќе, а и јас секако дека сакам петочна сесија за себе. не велам дека нема да добијам шанса, но секако ќе добивам помалку – појасни кубица при промоцијата на алфа ромео во варшава.

Паралелно со обврските кон Алфа Роме во Формула 1, полјакот ќе вози во Европската Ле Ман серија, а призна дека како што напредува во својата моторспорт кариера, неговите приоритети се менуваат, иако страста останува.

можам да се тркам и на тој начин можам да ги комбинирам двете работи, формула 1 и тркање во друга серија. формула 1 е сон на секој возач, имав можност да се тркам таму во минатото, но повеќе не сум толку млад.

моите приоритет ќе бидат различни, но страста кон тркањето е секогаш голема и постои. реалноста е дека го знам моето место во тимот, мојата позиција и се обидувам да бидам најдобар во тоа што го давам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ