Кубица: Спринт трките нема да ја направат Ф1 подобра

Полскиот резервист во Алфа Ромео, Роберт Кубица, не е многу расположен од фактот што Формула 1 има намер да организира спринт трки.

Антонио Џовинаци, колега на Кубица од екипата од Хинвил, го бранеше потегот да се проба формат со квалификации во Петок, а потоа и кратка саботна спринт трка што ќе го одреди гридот за главниот настан.

Јас веќе имав вакво нешто во Формула 2, дури и ако Формула 1 нема да има обратен грид, Но верувам дека Формула 1 треба да експериментира малку со форматот и јас сум љубопитен да видам како ќе се развива – изјави италијанецот.

Помалку импресиониран е резервистот на Алфа, Кубица.

Јас повеќе го гледам тоа од перспектива на гледачот, бидејќи повеќе не сум возач на трка. Не мислам дека форматот за викенд е клучот за да се направи Формула 1 поспектакуларна.

Ми се допаѓа како што е денес. Мислам дека тоа е во ДНК-то на спортот што ги гледаме квалификациите во сабота и трката во недела. Сега ќе биде чудно за навивачите да видат квалификациска сесија во петок.

Што се однесува до програмата на 36-годишникот оваа година, неговиот шеф Фредерик Васур рече дека сака Кубица да го вози болидот најмалку на секои два месеци.

Најдобриот дел од мојата работа е што можам да продолжам да возам болид на Формула 1, а Најлошо е што морам да ги гледам другите како се тркаат. За среќа, јас сè уште имам програма за трки со спортски автомобили затоа што кога си тркач тогаш секако дека најмногу што би сакал да се тркаш во Формула 1.

Сепак, тој признава дека програмата за во Петок е отежната со намалувањето на времетраењето на официјалните тренинг сесии оваа сезона.

Се уште треба детално да го разгледаме тоа. Не е олеснето со фактот дека во петокот возиме само во два наврати и тоа по еден час, наместо двапати по 90 минути како порано. На крајот треба да одлучи Фред Васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ