Ландо незадоволен: Гумите на Пирели се ужасни

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги нарече гумите на Пирели ужасни по хаосот кој беше предизвикан на вториот рестарт на Австралиското Гранд При, посочувајќи дека такви пневматици не доликуваат на Формула 1.

Второто црвено знаме на трката го предизвика Кевин Магнусен кој закачи во заштитната ограда и неговото тркало буквално се откачи од болидот, а остатоците бе насекаде низ патеката. Контролата на трка се одлучи на старт од гридот и трка од два кругови.

Следуваше хаотичен рестарт во кој Саинз и Алонсо имаа контакт, возачите на Алпин се елиминираа меѓу себе, а Сарџент и де Врис исто така се судрија. Норис смета дека незагреаниет гуми со очаен грип се виновни за инцидентите, иако поради хаосот дојде до 6то место.

немам ништо против оние кои нсоат одлуки, само сакам да кажам дека немаат поима што се случува во болидот. имаме мека гума на 65 степени и таа иа премал грип на паткеата.

не дека температурата е лоша, но гумата не работи на истата, а на оваа подлога со такви гуми не можам ни да почнам да ви опишувам колку е очаен грипот. поради тоа сите продолжија право во првата кривина, ретко кој ран закочи и сето тоа направи хаос и инциденти – објасни ландо.

Британецот посочи дека 23-инчните гуми на 18-инчните тркала едноставно било очајно лошо.

ако гумите ни дадат силен грип, тогаш ќе гледаме добра трка без хаос во вакви услови. не би рекол дека возачите беа невнимателни, но се тркате, а немате грип, едноставно е.

ни треба гума која ќе не држи на патеката и која е достојна да стои на формула 1 болид во врвот на моторспртот, а во ден како денеска овие гуми се срамота.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ