Ландо не жали за долгиот договор со Мекларен

Ландо Норис му одговори на критиките на Џенсон Батон кој изрази сомнеж дека младиот британец погрешил што се обврзал на толку долг договор со Мекларен.

По лошиот лански предсезонски тест и повтоување на истиот и годинава, Џенсон се посомнева во тимот и изрази загриженост за долгиот договор кој воачот го има со нив.

не напредуваат, не се забрзуваат, а тоа што замина андреас сеидл на никој начин не им помогна – прокоментира поранешниот возач герхард бергер.

Запрашан за таквите изјави од некои поранешни возачи, Норис изјави дека не се сложува со нив.

можеби не сме силни како што сакаме да бидеме, но не сме лоши како што некои сакаат да мислат.

ако некој мисли лошо за мене, ќе му се изнасмеам и ќе си продолжам. пред неколку години можеби повеќе ќе ми беше грижа.

јас го почитувам мислењето на луѓето особено на џенсон затоа што има огромно искуство и поради тоа не го игнорирам, знам што сака да каже.

имав понуди и од други екипи кога потпишував за мекларен, но јас верувам на тимот. тешко е во моментов, секако сакав да бидеме подобри, но јас го направив тоа што е најдобро за мене и верувам во мојата одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ