Ландо објасни како Рикардо “го зафркнал“

Ландо Норис откри како сопствена грешка со подесување на опциите на управувачот за време на Британското Гранд При му дозволило невминание и претекнување од страна на Даниел Рикардо во борба за 4то место на крајот од трката.

Кон крајот на Британското Гранд При Ландо Норис се бореше да го задржи Рикардо зад себе, но на три кругови пред крајот Дани искористи невминание на Норис и на Стоув го мина од внатрешниот дел. Младиот британец откри зошто се случило тоа и од каде неговото невнимание.

се мачев со неколку работи, а јасно е дека гумите беа една од нив. но, потегот на рикардо беше основен, не се бранев, лошо проценив затоа што с еобидував да променам некои опции на мојот управувач.

исто така левиот ретровизор ми беше целосно скршен и можев само да проценувам каде е тој од движењето во другиот ретровизор. последен пат го видов зад мене, погледнав во управувачот да променам нешто и кога ја дигнав главата беше крај мене, бев невнимателен – опиша норис.

Ландо откри дека со тимот ќ еразговараат за тоа за да се осигураат дека нема “ефтино“ да пропуштаат позиции во иднина.

беше моја грешка и тоа е нешто што како екипа треба да го анализираме и подобриме во иднина. не смее да се случуваат такви работи особено што патеката има еден одличен дел за претекнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ