Латифи демантира дека оди во Индикар

Канаѓанецот Николас Латифи ги отфрли гласините дека потпишал договор со екипа од Индикар серијата за наредната сезона. 

Тој ќе го напушти Вилијамс на крајот на оваа година по три сезони со тимот, а неговите идни планови не се објавени, ико откри дека тој разгледува места во другите серии. 

Искрено не сум потпишал ништо и немам конкретни вести да споделам. Видов во медиумите дека сум потпишал договор да возам во Индикар и тоа е смешно.

Разговарав со неколку тимови во различни серии, но нема уште ништо. Малку е вознемирувачки тоа што се случува, но мој фокус е да ја завршам добро оваа сезона и ова поглавје во Вилијамс.

Секако, како и сите возачи, сакам работите побрзо да се средат. Сеуште нема многу време поминато откако дознав дека нема да продолжам во Вилијамс. 

Латифи признава дека има интерес да се трка во Индикар поради конкурентноста на серијата каде сите шасии ги прави Далара. 

Имам интерес за таа серија. Таму има еднакви можности и Тоа е нешто што ми недостасува во последните неколку години.

Убаво е да сме конкурентни, но тоа не се случува на секоја трка. Секако ми недостасува да сум конкурентен и ќе барам серија каде ќе бидеме еднакви или поблиску. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ