Латифи: Никако немам брзина

Канаѓанецот Николас Латифи изјави дека никако не може да извади перформанси од својот ФВ44 и нема одговор зошто е тоа така. 

Тој имаше конечно шанса да вози на домашната трка во Монтреал во својата трета Формула 1 сезона и заврши на 16та позиција на крајот на трката. 

Искуството во Канада беше посебно. Одлично е да се вози на домашна трка каде ја имаш поддршката на семејството, пријателите и сите на трибините – посочи ники.

Но и покрај тоа, Латифи не е многу среќен и задоволен.

Во однос на патеката, не уживав многу затоа што Ни недостасува брзина. Мора да разбереме зошто, бидејќи немаме одговори во моментов. Како и да е, ние немаме брзина и не е само до оваа трка. 

Има гласини дека во иднина Латифи во Формула 1 тимот на Вилијамс ќе биде заменет од Оскар Пиастри, младиот возач на Алпин. Шафнауер од Алпин беше забележан во разговори со Јост Капито од Вилијамс во Канада и се појави Мајкл Андрети во падокот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ