Леклер: Обратни трки ќе бидат како картинг

Шарл Леклер би подржал идеја за трки на патеки со обратна конфигурација бидејќи тие го потсетуваат на картинг. Шефовите на Формула 1 размислуваат за старт на сезоната без публика и со повеќе трки на иста патека со различна конфигурација, доколку е тоа можно.

Иако треба да се земат во предвид сите безбедносни мерки за тоа да се случи, Леклер смета дека таквите трки ќе привлечат дополнителен интерес кај фановите и ќе бидат предизвик за возачите.

Ќе биде интересно да се вози на тој начин и сметам дека Тоа е интересна идеја. Дефинитивно треба да ги учиме патеките од ново. Тоа сум го правел во картинг, еднаш возиш во еден правец и подоцна во друг правец, Но мислам дека тоа ќе биде интересно на Силверстон каде стигнуваш брзо до Бекетс и Маготс.

Оваа сезона во Формула 1 треба да биде скратена поради пандемијата и доцниот старт што предизвика проблем за возачите и тимовите. Возачот на Ферари се надева дека ќе има најмалку 12 трки додека шефовите на спортот се надеваат на 19 трки и старт во јули.

Не чекаат изненадувања и ќе биде возбудливо да се гледа. Можеби повеќе ќе ризикуваме и на патеката и со стратегијата, но тоа може да се исплати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ