Леклер ја покажа својата нова Рива јахта

Шарл Леклер е роден во Монако и научил да плива во базенот крај патеката на која се вози Гранд При трката, а штом научил, бил редовен на познатата Лавото плажа во Кнежевството, така што морето е природна средина за него.

Во Август 2020 година тој се почасти со 48 Долчерива, 15-метарска јахта со две кабини наменета за четворица од производителот Рива, спонзор на Ферари. Максималната брзина на оваа “играчка“ е речиси 65 кмч и чини над 2 милиони евра. Во чест на својата победа на Италијанското Гранд При во 2019 година, Шарл оваа јахта ја нарече Монца.

Рива е една од најпознатите компании за производство на јахти во Италија, работи на бродоградилиштето во Сарнико и веќе две години се партнери на Ферари.

По стартот на летната пауза, на својто Инстаграм профил, возачот на Ферари се пофали со нов производ на Рива, моделот 66 Рибел, долга над 20 метри и ја нарече Седичи, што значи 16 на италијански, неговиот тркачки број. Бродот има два Ман мотори со 1.550 коњски сили, максимална брзина од 69 кмч, може да мине 460 километри со еден резервоар и во неа може да се сместат 12 луѓе во три кабини.

Според информациите, цената на еден ваков пловен објект е околу 4 милиони евра, што и не е малку ако се земе во предвид годишната заработка на Леклер која изнесува околу 10 милиони евра по сезона. Секако дека Леклер не ја платил полната цена затоа што Сарнико бродоградилиштето и Рива се дел од Ферети Груп, компанија во која од 2016 година Пиеро Ферари има голем удел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ