Либерти вбризга 1,4 милијарди долари во Ф1

Либерти Медиа направи прераспределба на средствата помеѓу своите компании со цел да и се даде на Формула 1 пристап до повеќе ликвидни средства во екот на Ковид-19 пандемијата која сеуште многу влијае врз спортот. Трансакцијата беше сложен процес помеѓу FWON, холдинг компанијата која е сопственик на Формула 1 и SiriusXM дивизијата на американскиот гигант.

Направена е и промена така што Live Nation компанијата за промоција која заедно со Формула 1 била дел од FWON холдингот, во иднина ќе бидде дел од холдингот на радио мрежата на Либерти, SiriusXM. Освен пристапот до повеќе готовина, прераспределбата на компаниите се прави и поради фактот што Формула 1 и Live Nation се компании кои исклучиво зависат од јавни настани во живо,кои во моментов се забранети, а со прераспределбата направена е и распределба на ризикот.

Занекои инвеститори било збунувачки тоа што Формула 1 под иста капа со концертниот бизнис на Групацијата, така што сега истиот работи “рака под рака“ со ради мрежата што има повеќе логика.

Вкупно 1,5 милијарди долари нето средства се преместени од Групата каде дел е Формула 1 во SiriusXM групата и истите се состојат од 2,8 милијарди долари средства и 1,3 милијарди долари обврски. Прераспределбата е изедначена со 1,5 милијарди долари нето средства кои се преместени од SiriusXM во Формула 1 групата, вклучително и готовинска поддршка од 1,4 милијарди долари, од кои половина се интер групациски заем.

Либерти ги објаснуваат овој потег со создавање на чиста околина за FWON холдингот и тргувањето со неговата акција како клучен дел од Формула 1 бизнисот со што се засилува тој сегмент од нивните деловни активности, финансиските податоци на FWON како и дополнителна ликвидност а Формула 1 во екот на одложувањето на се повеќе трки како и зачувување на системот.

Исто така, дополнителната готовина која е ставена на располагање на Формула 1 носи можност за купување на бизниси кои повеќе страдаат од Ковид-19 кризата односно можност за користење на евентуално укажаните можности.

разгледувавме низа можности да видиме како можеме да ја подобриме и обезбедиме ликвидноста на формула 1 вклучително и потенцијална продажба на дел од акциите на други како и прибирање на капитал преку други форми, но веруваме дека ова што го направивме беше најефикасно.

секако дека нема да влегувам во детали околу бизниси кои се цел за превземање, но има организации за настани во живо, особено во моторспортот, кои се атрактивни за нас и каде можеме да инвестираме.

има и организации во други спортови кои се интересни и каде можеме да направиме одлична синергија со формула 1. мислам дека многу други компании ја немаат флексибилноста која ја имаме ние и силата да работат како нас како и подобрувањето во билансот на FWON кое го направивме.

сметаме дека имаме одлино средство во формула 1 во наши раце и секако не сакаме д аја разводнуваме таа сопственост, но напротив, сакаме да размислуваме како д останеме атрактивни и да се подобриме со некоја синергија која ќе ја искористи нашата сила – изјави грег мафеи, главниот извршен директор на либерти групацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ