Либерти Медиа се највредна спортска империја

Соствениците на Формула 1, американската компанија Либерти Медиа, се рангирани како највредна спортска империја според угледниот Forbes со раст на вредноста од 7,8 милијарди долари од претходната проценка на крајот од 2021 година.

Forbes ја цени Либерти Медиа на 20,8 милијарди долари за оваа година, а Формула 1 е кремот во портфолиото на американците со проценета вредност од 17,1 милијарди долари, а потоа следува МЛБ бејзбол тимот Атланта Брејвс кој вреди 2,1 милијарди долари.

Либерти ја купија Формула 1 од конзорциум предводен од приватниот инвестициски фонд ЦВЦ Капитал и Берни Еклстон и тоа се случи на крајот на 2016 година, а вредноста на трансакцијата изнесуваше 4,4 милијарди долари.

Неодамна низ медиумите протече информација дека саудискиот државен фонд ПИФ понудил 20 милијарди долари за спортот, а првиот човек на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, експресно одговори дека треба да се биде крајно вниамтелен со цифрите затоа што тоа може да повлече зголемени цени на организација на трките и влезниците во иднина.

Порастот на вредноста на спортот од 2021 до 2022 година е 7,8 милијарди долари, а од 2022 до оваа година дополнителни 3,6 милијарди долари. За тоа време, гледаноста на тркачката серија се зголемуваше константно, а популарноста раснеше.

На второ место на листата на Forbes се најде Kroenke Sports & Entertainment, сопствениците на фудбалскиот клуб Арсенал, НЛФ тимот Лос Анџелес Рамс, НХЛ хокејарскиот Колорадо Аваланш и НБА лигашот Денвер Нагетс.

На трето место се семејството Глејзер, сопственици на премиерлигашот Манчестер Јунајтед и НФЛ екипата Тампа Беј Баканирс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ