Либерти: Ница не треба да биде закана за Монако

Грег Мафеи, Главниот извршен директор на Либерти Медиа, изјави дека сакаат да ја префрлат трката за Големага награда на Франција во Ница, но тоа не значи притисок врз местото на Монако на календарот. 

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, неодамна појасни дека Ница покажала интерес за одржување трка откако договорот на Пол Рикар ќе истече по овогодинешното Гранд При, а во моментов се водат и разговори за нов договор со Монако. 

Монако ја плаќа најниската цена за учество и ги задржува правата за договор со спонзори како историски најважна и најпрестижна трка во календарот. Судирот на официјалниот партнер Ролекс и Таг Хоер на Монако прават проблем на Либерти. 

Сакаме да имаме добри трки, Секогаш го гледаме интересот на луѓето за трка и бараме алтернативи – посочи мафеи.

Дали Либерти и Формула 1 се во конфликт околу договор за Монако, тој изјави дека тоа не е случај. 

Мислам дека Монако го има најдобриот договор и го заслужија тоа. Некои работи не се такви за сите. Монако е посебно место во календарот, но ние Мора да ги заштитиме нашите спонзори. 

Мафеи додаде дека Формула 1 може да го следи моделот од Лас Вегас и да биде промотер на некои традиционалнни настани, но Монако не би се согласил на тоа. 

Мислам дека доколку го пробаме ова, има потенцијал за спонзори, Но немаме планови. Тоа е интересен модел и Ќе видиме дали ќе биде успешен во Лас Вегас. Доколку избереме друго место, не сум сигурен дека Монако ќе успее. Други места би биле поуспешни. 

Мафеи е оптимист дека ќе има согласност за Јужно Афричко Гранд При во Кијалами за наредната година. 

Ќе видиме. Мора да се тркаме на сите континенти каде луѓето имаат автомобили. Се обидуваме и не забораваме нешто. Даваме се од себе да успееме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ