Окон: Перформансите во Монако ме изненадија

Естебан Окон изјави дека бил изненаден од неговите перформанси во Монако, каде стигна до подиум. 

Тој се бореше за пол позиција, но не можеше да се справи со брзината на Алонсо и Верстапен. Сепак, во текот на трката ги задржа Карлос Саинз и Луис Хамилтон зад него во тешки услови и остана на третата позиција. 

Имав тежок старт на сезоната иако се чувствував силно и сигурно зад воланот. Бев во можност да форсирам и да возам блиску до лимитот на Монако. Бев изненаден од брзината, Но сигурно мора да бидам приземјен – посочи францускиот возач.

Разликите во Монако беа премали поради природата на патеката, но следната трка е во Барселона каде е променет изгледот на патеката и е нормална патека за тркање. Во Алпин сметаат дека ќе се брзи како Ферари и Мерцедес во Барселона. 

Барселона има различни карактеристики. Патеката ја знаеме сите и мислам дека ќе биде добар тест за нас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ