Либерти темелно истражувале кој да го замени Кери

Актуелниот Главен извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, откри дека челните луѓе на спортот многу темелно истражувале кого да назначат за негов наследник пред да му ја дадат довербата на Стефано Доменикали.

Минатиот месец спортот официјално потврди дека Стефано Доменикали ќе го превземе раководењето на спортот по крајот на оваа година. Кери ќе остане како Неизвршен претседател на Формула 1 и ќе му помогне на италијанецот во транзицијата од неговиот формален почеток на првиот дне од Јануари.

навистина темелно истражувавме и имавме многу кандидати за кои размислувавме. јас влегов во формула 1 како аутсајдер и мислам дека тоа беше многу вредно затоа што на спортот му требаше човек како мене да донесе промена и свежина како и различен видик на работите.

во иднина сакавме некој кој ќе го задржи моментумот и ќе продолжи да го гради она што почнавме да го создаваме. една од најважните работи кои стфано ги носи е темелно знаење не само за спортот туку и за трките општо, за големите играчи во спортот и поради тоа сметам дека многу брзо ќе се прилагоди – објасни кери.

Доменикали повеќе од 20 години работеше за Ферари и беше нивни шеф во Формул 1 од 2008 до 2014 година, по што мина во Ауди и потоа во Ламборџини паралелно со неговата функција како претседател на комисијата за едноседи во ФИА. Назначувањето на Доменикали беше пофалено од сите страни и немаше човек кој негодуваше на негово превземање на спортот.

стефано носи уникатност во спортот, но во исто време и почитта кон него е голема. понкогаш мислам дека таа улога е центарот на бура со сите луѓе кои кружат околу вас штитејќи ги своите интереси, но тој ќе донесе баланс и еднаква перспектива за сите.

комбинацијата од уникатно искуство со личноста која тој ја има носи различна динамика и совршено одговара на формула 1.

Тото Волф, шефот на Мерцедес, откри дека Либерти разговарале и со него, но тој бил свесен дека Ферари ќе го блокира неговото шефување во Формула 1 и поради тоапреговорите не продолжиле. Но, Кери одби да шпекулира и само потврди дека Доменикали бил единствен кој добил понуда.

нема да открива со кого се е разговарано и за кого е размислувано затоа што анализиравме многу луѓе. навистина не сакам да коментирам ништо повеќе затоа што е несоодветно. понуда доби само стефано, тој ја прифати и јас сум воодушевен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ