Лоренс Строл: Се надевам ќе го гледаме Чеко во Ред Бул

Сопственикот на Рејсинг Поинт, милијардерот Лоренс Строл, го поздрави победникот на Шакирското Гранд При, својот возач Серхио Перез, и изјави дека се надева ќе го гледа мексиканецот во Ред Бул наредната сезона. 

Оваа победа на Перез го направи првиот мексиканец победник на трка во последните 50 години, но тој го напушта Рејсинг Поинт по Абу Даби кога ќе ја вози последната трка. Синот на сопственикот на тимот Ленс Строл заврши на трета позиција. 

Чеко е одличен член на тимот уште од пред јас да го превземам. Тој дефинитивно докажува дека заслужува болид наредната година и се надевам тоа ќе биде Ред Бул.

Перез, кој има два подиума на последните три трки и е четврти во генералниот пласман и изјави дека има опција за топ тим во 2022 година. За наредната година сеуште чека на Ред Бул. Тие размислуваат да го заменат Алекс Албон кој едвај заврши на шеста позиција иако Ред Бул очекува двајцата возачи да имаат слични перформанси за да може да му парираат на Мерцедес. 

Шефот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер изјави:

Тој апсолутно заслужува да е во Формула 1, направи одлична работа денес и во текот на сезоната. Заслужува место на гридот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ