Лудница во Вегас во Сабота навечер

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, верува дека трка во Лас Вегас во Сабота навечер е соврешено за сите фанови на спортот насекаде низ светот.

Спортот официјално потврди дека Лас Вегас следниот Ноември се враќа во календарот по неуспешните трки во 1981 и 1982 година на паркингот на Caesars Palace.

Трката догодина ќе се вози во Сабота навечер, прво Гранд При во Сабота од трката во Јужна Африка во 1985 година и многу ретко прекршување на неделниот формат. Настанот ќе почне во 10 часот во пацифичко време, односно 7 часот наутро по наше, македонско време.

Запрашан за одлуката да се вози трка во Сабота навечер, Доменикали ја пофали флексибилноста на спортот велејќи дека времето е соврешно за тој настан.

формула 1 не смее да биде статична. да се има трка во сабота во 3 часот попладне ќе беше многу голема грешка и поради тоа мораше да бидеме флексибилни и да одбереме најдобро време за такво големо шоу.

не гледам никаков проблем со тоа. ако го видите тоа по европско време, тајмингот за сите е совршен затоа што публиката ќе остане поврзана. можевме и порано и подоцна и сите ќе беа поврзани во вегас таа ноќ, нема сомнеж во тоа – објасни доменикали.

Главниот извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, додаде дека тајмингот е совршен за сите млади луѓе во САД кои стануваат во Сабота и Недела наутро и секогаш се жалат дека трките се предоцна за нив.

сега ќе може да си останат доцна во сабота навечер и да уживаат.

Првичниот договор за организација е на три години, но Доменикали се надева на подолг престој во градот на коцкањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ