Магнусен гледа шанса за поголем ризик со новиот спринт формат

Кевин Магнусен смета дека возачите ќе може да превземат дополниелен ризик на спринт трките сезонава откако беше изгласан новиот формат за таков тркачки викенд.

Спринтот во Формула 1 за прв пат беше воведен пред две години кога исходот од 100-километарската трка го даваше стартниот поредок за гланвото Гранд При. Но, за сезоанва тоа ќе се промени така што шесте планирани спринтови ќе имаат свои квалификациски сесии и ќе бидат самостојни настани без никакво влијание над спринтот.

мислам дека е добро што ќе имаме две квалифиакциски сесии затоа што тоа значи дека ќе може повеќе да се ризикува во спринтот. нема да има дополнителна казна за старт од последно место во недела ако несе заврши спринтот, токму тоа што е потребно за повеќе ризик.

ризикот ќе биде награден, нема да има чување за главната трка и тоа ќе го подобри шоуто и ќе донесе забава за гледачите – посочи магнусен.

Данецот стина до поени на сите лански спринтови, беше 8ми на Емилоја Ромања и во Сао Паоло, а позиција подобар во Австрија.

не мислам дека има некоја посебна причина зошто стигнав до поени на секој спринт, но секако дека се надевам оти таквата серија ќе продолжи, секако тоа ми е целта. мислам дека имаме одличен болид во однос на брзината во моментив и се надевам дека ќе го искористам тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ