Магнусен го објасни односот со Хулкенберг

Данскиот возач на Хаас, Кевин Магнусен, ќе му посака добредојде на германецот Нико Хулкенберг доколку тој дојде во екипата следната година. 

Се очекува Хулкенберг да го замени Мик Шумахер наредната сезона доколку Хаас одлучи да не го продолжи договорот со младиот германец, дел од Академијата на Скудерија Ферари, Мик Шумахер. 

Хулкенберг последен пат имаше редовно место во Формула 1 во 2019 година кога возеше за фабрички Рено, денешен Алпин, а потоа извозе неколку трки како резервен возач како замена за возачите на Рејсин Поинт односно Астон Мартин.

Сум рекол неколку пати дека немам проблем со Нико. Го почитувам како возач, но не го познавам лично. Немам мислење дали треба да е дел од тимот или не. Мик е добар во моментов, но на почетокот имаше проблеми – јасен е одговорот на к-маг на прашањето за мислење на потенцијалниот свој нов колега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ