Магнусен: Ендјуранс тркањето е целосно различно од Ф1

Кевин Магнусен откри дека ендјуранс тркањето е целосно различен предизвик од Формула 1 на која е навикнат.

Данецот, кој е поранешен возач на Мекларен, Рено и Хаас, ќе дебитира на 24 часа Ле Ман викендов крај својот татко Јос во возилото број 49 на Хај Клас Рејсинг ОРЕКА 07-Гибсон, а третиот член во посадата е неговиот другар, данецот Андерс Фјордбаш. Ќе биде прво појавување за Кевин на легендарната француска трка на издржливост откако порасна гледајќи го татко му кој од 1990 година речиси секоја сезона е на Ле Ман.

Сезонава Магнусен ја вози во американската ИМСА тркачка серија со Чип Ганаси Рејсинг, а прво појавување му беше на 24 часа Дајтона. Според него таа трка одлично го подготвила за моратонски настани како Ле Ман, за кој смета дека бара сосема различен менталитет.

на крајот на денот, целта сепак е само да бозиме брзо, но овој пат тоа треба да го правите 24 часа и токму тоа е ментално поинакво. мора да мислите на тоа што следува. во формула 1 сте соочени повеќе со ризикот од почетокот на трката кога сите се борат за место.

на 24-часовна трка, стартот не е многу важен затоа што цела трка доаѓате во некакви ситуации. на пример, на 6 часа до крајот, веќе сте извозеле долго време, мислите дека сте блиску до крајот, се борите, но запамтете, има уште цели 6 часа.

тешко е да се пресуди кога да ризикувате и д претекнувате, различно е, менталитетот е поразличен одошто во друг вид на тркање – посочи магнусен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ