Магнусен за враќањето на Мик: Никогаш не кажувај никогаш на Ф1

Откако Мик Шумахер го загуби местото во Ф1, неговиот сега веќе бивш колега Кевин Магнусен изјави дека германецот треба да остане позитивен и да бара место за назад во спортот.

Шумахер го напушти Хаас по две сезони откако не успеа да ги исполни очекувањата на тимот.

Магнусен на два пати се враќа во спортот и сега ги сподели неговите искуства.

Тоа е двојна работа. Од една страна сакаш некој како Нико со големо искуство и можности но од друга страна ти е жал за Мик. Мислам дека заврши одлична работа оваа сезона. Навистина ми е жал. Ф1 е тешка но може да се вратиш. Јас се вратив два пати и се надевам секој може да се врати.

Второто враќање на Магнусен се случи 11 денови пред стартот на сезоната и тој го имаше најдобриот резултат во оваа сезона.

Данецот има совет за Шумахер.

Нека продолжи да тренира и нека остане позитивен. За да има тежина неговото враќање. Јас се вратив два пати и никогаш не треба да се каже никогаш на спортот. Ми се допаѓа Мик и мислам дека заслужува место на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ